Категории

Смешни слики од дечиња на кои им е смачено од предавања преку Zoom

Технологијата треба да ја олесни наставата на дистанца низ пандемијата, но некогаш навистина изморува.

Родители постираат слики од своите дечиња на кои навистина вече им е смачено од Zoom повици, и сликите се пресмешни. Буквално го отелотворуваат чувството на „понеделник“.

Учењето на далечина е предизвик за сите – за децата, родителите и за професорите. Сите мора да се адаптираат на новото „нормално“ бидејќи повеќето училишта низ светот почнаа со настава онлајн, или со хибридна настава.

Видеоконференциската платформа Zoom имаше огромен пораст низ пандемијата и ги престигна сите очекувања. BBC  вика дека приходите им скокнале за 355%, и заработиле 663.5 милиони долари само во втората четвртина на 2020. Порастот на корисници скокнал на 458% и вкупните профити им скокнале за 186 милиони долари споредено со ланската година.

Иако апликацијата е популарна и корисна, не значи дека е совршена и дека сите ја обожаваме. Се јави нов феномен – Zoom истрошеност, каде што родителите, учениците и професорите се ранливи на постојани видео повици и недостаток на физичка интеракција со луѓе.

Педагозите даваат совети за тоа како да ги чувате учениците внимателни – преку сугестии за исправено седење, намалена светлина на екранот итн. Но, сепак, најмалите се’ уште бавно се навикнуваат и тешко го поминуваат овој период.

Погледнете ги овие сликички од дечиња на кои веќе им е смачено од Zoom.

Она кога имаш 5 години и прв пат во животот одиш на „училиште“ и очекуваат да знаеш да читаш, пишуваш и праќаш мејлови.
It Doesn't Get Any Better Little One

Мачката на оваа ученичка не сфаќа како функционира онлајн наставата
The Cat Loves To Show Herself During The Daughter’s Virtual Classes

Која е оваа Дизни принцеза? Па тоа е Заспаната Убавица! (Погледнете го огледалото)
The Teacher Texted Me And Told Me To Wake Her Up

…и нејзината другарка, Заспаната Убавица 2
43 Minutes Into 1st Day Of 2nd Grade Via Zoom

…И нивниот другар, Заспаниот Убавец.
Class Better Be That Boring

Ова детенце не може повеќе.
2nd Day Of Virtual School

Виртуелни градинки? И тоа е сега активно?
My Kindergartner

Разлика помеѓу две дечиња на Zoom.
2 Types Of Kids

 

 

Прегледи:
856
Категории:
Галерија
Објавено на:
15.09.2020