Обожавам колку интернетот се возбудува на вакви содржини!
Кога оваа твитер корисничка споделила слика од мачката на пријател, веројатно не мислела дека ќе стане вирална. Но, црното маче на кое му се избричани ноџињата, изгледа е токму она што интернетот сакал да го види. Твитот стана вирален и има повеќе од 470000 лајкови.
Сега, најдобриот дел се коментарите. Други луѓе почнале да ставаат слики од мачки кои се во иста ситуација. Од мачиња „без панталони“, до мачиња со изложени мешиња, на овие кутри животинки не им е дојдено до смеење, но изгледаат преслатко и пресмешно.