Категории

Смоквите како лек – погледнете за што можат да ви помогнат и за што се добри

Сушените смокви секогаш можете да ги најдете во супермаркет, но свежите смокви се многу подобри и по здрави

Ви споделуваме четири причини поради кои е добро да конзумирате смокви:

Го намалуваат крвниот притисок
Смоквите се одличен извор на калиум кој помага при смалување и регулација на крвниот притисок. Овој минерал е слабо достапен во храната а истовремено неопходен во денешниот свет кога голем број луѓе патат од негов недостиг поради зголемена конзумација на сол.

Помагаат при слабеење
Ова сочно медитеранско овошје е добар извор на прехрамбени влакна кои овозможуваат подолга ситост и исто така помагаат во слабеењето. 100 грама свежи смокви содржат 74 калории.

Клуч за добро расположение
Смоквите содржат значајна количина на витамин Б компекс кој на телото му дава енергија, осигуруваат еластицитет на кожата и цврстина на мускулите. Една од благодетите на оваа група на витамини е и поттикнување на работата на мозокот и подобрување на расположението.

Смалување на шеќерот во крвта
Листовите од смоква поседуваат анти-диебетски карактеристики, односно ја снижуваат количината на шеќер во крвта.
Некои студии покажале дека се од голема помош кај луѓето кои патат од дијабетес од тип 1.

Прегледи:
464
Објавено на:
23.11.2019