Музичкото шоу за таленти „Ѕвезда број 1“ полека, но сигурно, со стартот на својата прва сезона која ќе трае три месеци, станува вистински предизвик и атракција за сите момци и девојки ширум нашата земја.
Доказ за тоа се и многубројните пријавени кандидати кои ги гледавме на аудициите во различни градови низ Македонија.
Последната аудиција се одржа во Скопје, изминатиот викенд, а истата според организаторите била навистина масовна и посетена.
На скопската аудиција, освен стандардното жири составено од Елена Петреска, Бане Поповиќ и Жаре Бербер, каде имаше повеќе од 200 пријавени момци и девојки, одлука кој ќе оди понатака носеа и Александар Тарабунов и Теа Трајковска.
Откако завршија аудициите, наскоро ќе почнат и гала вечерите, каде на едно место ќе бидат сите кандидати кои ја поминаа првичната селекција.
Секојдневно на „1 ТВ“ можете да се запознаете со пријавените кандидати, нивните згоди и незгоди на сцената, нивниот талент…