Користете ја еднаш неделно и резултатите нема да изостанат
Кога станува збор за здравје и убавина, кокосовото масло е едно од најпознатите корисни природни средства што нуди многу здравствени придобивки, прифатливо е и е сосема природно.
Кокосовото масло веќе подолго време се докажа како корисно во козметиката. Се додава во производи за нега на тело, лице, нокти, но има најголем ефект врз косата дури и по првите третмани.
За да ја направите вашата коса мека и мазна, направете маска од кокосово масло и мед.
Ставете 2 лажици ладно цедено масло од кокос во сад и загрејте го во микробранова печка 20 секунди.
Потоа додадете 2 лажици мед и мешајте додека не се изедначи.
Нанесете ја маската на малку навлажнета коса и оставете ја најмалку 40 минути, а потоа измијте ја со шампон.
Користете ја оваа маска еднаш неделно и нема да мора да чекате за фантастични резултати.