Во продолжение дознајте што треба да направите за вашето дете да биде поздраво и посилно..
Секоја мајка знае колку е важно нејзиното дете да има добар имунитет.
Имено, децата се поподложни на вируси и бактерии, затоа откријте што треба да направите за да го одржите вашето дете здраво.
Дружење со други деца
Една студија, во која биле вклучени повеќе од 1.200 мали деца, откри дека играњето во парк или игротека го зајакнува имунолошкиот систем.
Иако е поголема веројатноста дека вашето дете може да добие повеќе вируси доколку се дружи со други деца, таа изложеност всушност го зајакнува организмот.
Имено, вашето дете ќе биде поотпорно на болести до петгодишна возраст отколку децата кои не оделе во градинка или редовно се дружеле со врсниците.
Тргнете го вашето дете од чад од тутун
Чадот од тутун е штетен за сите нас, особено за децата кои се развиваат. Пасивното пушење во детството е поврзано со зголемен ризик од карцином, астма и други респираторни заболувања, како и срцеви заболувања.
Најдоброто нешто што можете да направите за здравјето на вашето дете е да ги изложите на чад од тутун колку што е можно помалку.
Здрава исхрана
Кога вашето дете ќе започне да јаде брза храна, помогнете му да се сврти кон здравата исхрана. Хранливата вредност на овошјето и зеленчукот не може да ја надмине ништо, бидејќи тие се најдобри извори на антиоксиданти, витамини, минерали, влакна и ензими кои ги штитат клетките од оштетување. Направете вашето дете секој ден да јаде неколку мали порции овошје и зеленчук.
Физичка активност
Денес, дебелината како болест е сè почеста кај децата затоа што им недостасува физичка активност. Охрабрете го вашето дете да се движи колку што е можно повеќе, бидејќи вежбањето е потребно и за најмладите. Физичката активност го стимулира срцето, циркулацијата, ги зајакнува мускулите и коските и го намалува ризикот од заболувања. Покрај тоа, таа има позитивен ефект врз расположението.
Квалитетен сон
Додека детето спие, неговото тело произведува антитела и хормони за раст. Лишувањето од сон може да го спречи производството на интерлеукини, кои се одговорни за заштита од инфекција.
Доење
Доењето е еден од најдобрите начини за зајакнување и заштита на здравјето на вашето бебе. Мајчиното млеко ги содржи сите хранливи материи што му се потребни на бебето за здрав раст, како и многу антитела за заштита од инфекции, алергии и разни заболувања. Се препорачува да го доите вашето бебе најмалку во првите шест месеци од неговиот живот.
Љубов и внимание
Имунитетот е исто така поврзан и со емоциите, а грижливиот однос полн со грижа и љубов ќе го зајакне здравјето на детето. Од галење до скокоткање, изразување на нежност и љубов ќе му помогне на вашето дете да прерасне во силна и среќна личност.
Мартин М. | Среќа.мк