Категории

Со помош на овој трик ќе заборавите на пеглањето, а облеката ќе ви биде совршено исправена

Повеќето жени без размислување ви признале дека најмногу мразат да пеглаат облека и дека тоа им одзема голем дел од слободното време. Меѓутоа, постои решение кое значително ја скратува постапката на пеглањето.

Станува збор за спреј кој треба да го користите. Ви го претставуваме рецептот како да го направите.

Состојки:

  • 400 мл дестилирана вода
  • лажичка омекнувач
  • лажичка алкохолен оцет
  • празен распрскувач

Подготовка:

Во празен распрскувач ставете 400 мл дестилирана вода во која ќе додадете една мала лажица омекнувач и една лажица алкохолен оцет. Промешајте ја смесата и спрејот за пеглање е подготвен за употреба.

Начин на употреба:

Откако ќе го подготвите спрејот, време е за пеглање. Постапката е следна: сувата маица или било кое друго парче облека испрскајте го со овој спреј, израмнете ја облеката со раце, ставете ја на закачалка и чекајте малку да се исуши. По сушењето, испегланата облека е подготвена за носење.