Категории

Сопруг на годината: Порака која ќе им ги отвори очите на многумина мажи

Некои мажи се плашат од помислата дека целиот живот ќе треба да го поминат со иста жена. Но, оваа објава на Фејсбук која станала многу популарна, ги прикажува работите од сосема поинаква перспектива, а мажот кој го напишал ова, добива титула сопруг на годината.

Дејл Партриџ е познат автор и говорник за мотивација кој на мажите со задоволство им дава совети за среќен брак и љубов. Дејл на својот Фејсбук профил објавил прекрасна фотографија на која се наоѓа тој со неговата сопруга Вероника, а под фотографијата напишал и нешто прекрасно.

„Мажите се грижат дека кога ќе стапат во брак, остатокот од животот мора да го поминат само со една жена. Тоа едноставно не е вистина. Се заљубив во 19-годишна алпинистка, се оженив за 20-годишна љубителка на животните, основав семејство со 24-годишна мајка, потоа изградив дом со 25-годишна домаќинка, а денес сум во брак со 27-годишна мудра жена“, пишува тој. „Ако вашиот ум е здрав, никогаш нема да ви биде досадна една жена. Всушност, вие ќе бидете премногу среќни со колку нејзини прекрасни верзии ќе бидете во брак низ текот на годините. Не велете ‘не’ на бракот, кажете ‘да’ и продолжете да велите ‘да’ сѐ до смртта“, им препорачува Дејл на мажите.

3-soprug-na-godinata-poraka-koga-kje-im-gi-otvori-ochite-na-mnogumina-mazhi

Оваа објава имала повеќе од 655.000 лајкови и многу коментари околу тоа колку овој маж ја сака својата сопруга. Еве што пишуваат луѓето…

„Во брак сум со истата девојка речиси 40 години. Зошто мажот би сакал повеќе од една жена? Таа секогаш била сѐ што сакам и што ми треба“, напишал Кели.

Бери пак порачува:

„Не верувам дека некој маж би бил загрижен околу тоа што ќе има само една жена. За тоа би се грижело само дете. Нема поголем дар даден од Бог од жена која можеш да ја сакаш и почитуваш. Да правите некого среќен само со својата присутност, тоа е нешто највредно.“

Прегледи:
606
Објавено на:
13.11.2016