Категории

Сопственикот на „Корона“ го остави богатството на соселаните?

Во медиумите излезе информација дека сите 80 жители на шпанското село Серзалес дел Кондадо станале милионери и тоа благодарение само на еден човек и неговиот тестамент, но ова се покажа неточно.

antonino-fernandez-kqni-620x349abcjpg

Имено, милијардерот и филантроп Антонино Фернандез, кој почина во август на 98-годишна возраст, во неговиот тестамент богатството од 200 милиони евра им го оставил на своите роднини, а не на жителите на селото во кое пораснал.

Оваа вест најпрво ја објави „Дејли мејл“, а од таму ја презедоа повеќе светски медиуми, кко и другите портали.

Точно е дека жителите на малото гратче му се благодарни на својот некогашен сограѓанин, затоа што тој им ја реставрирал црквата, им изградил културен центар, основал фондација, се гради уште една зграда во местото, но пари на секој поединечно не им оставил.

„Тоа едноставно не е точно. Веројатно некој ја прераскажал приказната, а таа растела и растела, и едноставно излегла од контрола“, вели Луција Алеахос, од фондацијата основана од него.

Таа потврди дека Фернандез, кој е едно од 13 деца, нема свои деца, а дел од неговото големо богатство го оставил на наследниците на неговите браќа и сестри.

„Многу од нив се уште во летните месеци го посетуваат местото, и тоа е одлично, затоа што на тој начин селото се одржува во живот“, вели таа, но додава дека никој од селото нема да добие директно пари од Фернандез.

corona-island

Фернандез е роден во 1917 година, а на 14 години го напуштил училиштето. Тој бил едно од 13. деца во семејството и неговите родители не можеле да си дозволат да ги школуваат.

На 32-годишна возраст тој емигрирал во Мексико каде што се вработил во фабриката на вујкото на неговата сопруга за производство на пивото „Корона“, а веќе во 1971 година напредувал до позицијата директор на компанијата и успеал од „корона“ да направи најпопуларно мексиканско пиво и голем извозен феномен. Пивото го извезувал и во неговата родна Шпанија, под името „коронита“.

„Корона“ е второ најчесто увозено пиво во САД со годишна продажба од 700 милиони долари.

Извор: Макфакс

Прегледи:
390
Објавено на:
26.11.2016