Категории

Состојба на нови случаи заболени со КОВИД – 19 во Македонија

Денеска регистрирани се 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.

Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови:
– Скопје 11
– Куманово 2
– Тетово 3
– Струга 6
– Битола 1
– Гостивар 1
– Виница 1
– Неготино 1
Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1326.

Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на КОВИД-19.

Прегледи:
613
Објавено на:
24.04.2020