Категории

СОСТОЈБА НА ЗАБОЛЕНИ НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА

Двајца мажи на возраст од 31 и 91 година, двајцата од Скопје, починаа денеска од коронавирусот, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во изминативе 24 часа има 16 новозаболени пациенти, со тоа вкупната бројка е 257.

31-годишниот скопјанец бил со тешка клиничка слика, во текот на вчерашниот ден бил интубиран и поставен на респираторна машина, но денеска починал.

„Двајца пациенти имаат негативни тестови, а утре ќе им бидат направени втори тестови на уште 5 лица. Се очекува деновиве на домашно лекување да бидат пуштени 7 лица“, рече Филипче.

Досега од коронавирус во земјава се починати 6 лица.

Прегледи:
462
Објавено на:
29.03.2020