Категории

Совети како да се уверите дали е некој вреден за вашата доверба

Да научите да носите точни заклучоци околу тоа дали е некој вреден за вашата доверба е полесно отколку што ви се чини. Ви споделуваме попис од неколку едноставни совети со чија помош ќе можете да заклучите дали треба да и верувате на некоја личност.

Посматрајте ги од различни перспективи во различни ситуации
Не сакате да процените одеднаш. Ако го послушате овој совет ќе имате доволно време за прецизна проценка на личноста. На пример, некој на работното место може да изгледа топло, приступачно и пријателски. Но после работата кога ќе се најде со пријателит ена пијалок може да се трансформира во агресивна и арогантна особа.

Проучете го нивното однесување за да утврдите дали се менува со оглед на околностите
Како што споменавме, луѓето можат да прикажуваат различни страни на својата личност со оглед на ситуацијата. Верната и доверлива особа веројатно ќе покаже повеќе стабилност во однесувањето од онаа која крие нешто мрачно. Луѓето кои кријат нешто обично на почетокот се премногу пријателски настроени спрема надредените а кога еднаш ќе ги фатат почнуваат да се однесуваат агресивно и нервозно.
Чесната личност никогаш нема да има толкав распон на емоциите во една интеракција.

Почекајте додека не ја откриете целосната слика за личноста
Сигурно сте чуле дека книгата не смее да се суди според корицата. Тоа важи и за луѓето. Морате да имате доволно време за адекватно да ја процените личноста.

Посматрајте дали тие им веруваат на другите
Луѓето кои се сомничави спрема другите всушност се истите оние луѓе кои не заслужуваат доверба. Неодамнешната студија на играчите на видеоигри покажала дека оние кои со радост соработувале со другите воедни биле и најмалку склони на тоа да ги изневерат другите играчи. Со други зборови, довербата е двонасочна улица.

Размислете колку всушност знаете за таа личност
Размислете за тоа како размислуваат и делуваат. Еден од начините е внимателно да слушате што зборуваат. Зборовите ги издаваат нивните реални мисли. Полициските истражители често го употребуваат овој трик. Кога го интервјуираат осомничениот, му поставуваат многу прашања од кои некои немаат врска со случајот. Го прават тоа за да видат дали осомничениот ќе се издаде повеќе нешта за себе отколку што планирал. Виновникот ќе се труди да ја прикрие својата вина. Но од силните напори може да се разоткрие вистината. Еднаш кога ќе откриете како размислува личност, ќе можете подобро да ја процените нивната веродостојност.

Прегледи:
771
Објавено на:
28.07.2020