Категории

Совети од најбогатиот човек во Кина: Од жалење нема напредок! На светот му е важно што правите, а не што зборувате!

Џек Ма е најбогатиот човек во Кина и еден од најбогатите луѓе во светот. Основач е на Алибаба и неговото богатство се проценува на околу 30 милијарди долари.

Ова се неговите совети за успех:

Не се занимавајте со политика

Политиката и парите ретко кога можат да бидат во исти раце. Ако сте влегле во политика, заборавете на бизнисот. И обратно. Кога парите се среќаваат со политика – очекувајте експлозија.

Што е неуспех? 

Вистински неуспех е оној момент кога престанувате да се борите.

Што е флексибилност?

Ќе дознаеш што е флексибилност кога ќе се сретнеш со вистински проблеми, борби и фразочарувања.

Што е одговорност?

Твоја одговорност е да бидеш внимателен, да работиш многу и да си поамбициозен од сите. Само будалите ја користат устата за да зборуваат. Паметните луѓе говорат со главата, а мудрите со срцето. Животот се живее со полн капацитет. Ако го поминувате целото време на работа, во еден момент сигурно ќе зажалите.

За конкуренцијата и натпреварувањето

Само будалите ја третираат конкуренцијата со агресија. Ако сите околу вас ги набљудувате како непријатели, тоа и ќе ви бидат. Кога се натпреварувате едни со други избегнувајте ја омразата бидејќи може да ве уништи.

За жалењето

Ако повремено западнете во лошо расположение, тоа е сосема ок. Меѓутоа, ако постојано се жалите и кукате, ќе станете депресивни. Депресијата е како алкохолизмот, што повеќе пиете, потешко ви е да престанете. Ќе забележите дека успешните луѓе не се жалат. На светот не му е важно што зборувате, туку што правите.

Прегледи:
691
Објавено на:
25.03.2019