Категории

Совети од познатите дизајнери: Вака треба да изгледа една вистинска жена!

Никој подобро од нив не знае како треба да изгледа една вистинска жена денес, и никој подобро од нив не знае да го открие шармот и убавината кај жените.

Модните дизајнери се тие кои совршено го познаваат обликот на женското тело, движењата, што точно жените ги прави да изгледаат убаво, сензуално и посакувано. Тие целиот живот го посветиле во откривањето на тоа како треба да изгледа една вистинска жена, и секако тоа го споделиле со светот.

„Рацете се разгледница на една девојка, вратот е нејзина лична карта, а градите нејзин пасош“ – Коко Шанел

„Вистинската жена треба да биде немирна, бунтовна и малку каприциозна“ – Кристијан Диор

„Староста на жената не е најважна. Во 20-тите може да будите восхит, а во 40-тите можете да маѓепсувате, а неодоливи можете да бидете до крајот на својот живот.“ – Коко Шанел

„Убавиот маж е најдобриот женски моден додаток“ – Коко Шанел

„Секој залак останува во устата само 2 минути, 2 часа во стомакот, и 2 месеци во бедрата“ – Кристијан Диор

„Немојте претеране да се внесувате во трендовите. Не дозволувајте модата да владее со вас, туку сами одлучувате кои сте и што посакувате да изразите преку својата облека и начин на живот.“ – Џани Версаче

„Да се биде елегантна, не значи да паѓаш во очи. Да бидеш елегантна значи да се врежиш во сеќавањето.“ – Џорџио Армани

„Грижата во изборот на чевли никогаш не е претерана. Многу жени мислат дека тие се небитни, но вистинската потврда за женската елеганција е тоа што се наоѓа на нејзините нозе.“ – Кристијан Диор

„Кога бирате модни додатоци, извадете го тоа што сте го ставиле последно“ – Коко Шанел

„Ако имате криви нозе, носете подлабоко деколте“ – Кристијан Диор

„Тоа што го носите означува како ќе се претставите пред светот, особено сега кога човечките контакти се брзи. Модата е директен јазик, разбирлив и без превод“ – Миучи Прада

„Колку девојката полошо се чувствува, толку подобро треба да изгледа“ – Коко Шанел

„Парфемот е ненадминлива нијанса на женската индивидуалност, тој ја дава последната нота во вашиот изглед.“ – Кристијан Диор

„Не постојат грди жени, само мрзливи“ – Коко Шанел

„Не можете да го лажирате шикот, но шик можете да бидедте во вештачко крзно“ – Карл Лагерфилд

„Внимавајте на оригиналноста. Во женската мода, оригиналноста може да доведе до масакр“ – Коко Шанел

„Чевлите го трансформираат изгледот и држењето на вашето тело. Тие ве подигнуваат физички но и емотивно“ – Кристијан Лобутин

„Добро сошиениот фустан мора да прилега на секоја жена“ – Коко Шанел

„Грижата за убавината почнува од срцето и душата. Во спротивно, никаква козметика не помага.“ – Коко Шанел

„Купувајте помалку, бирајте подобро, и правете го тоа сами!“ – Вивиен Вествуд