Категории

Совети што да направите доколку се чувствувате осамено

Доколку се чувстувате изолирани, не очајувајте затоа што многумина ја делат истата состојба како и вас

Се вели дека денес светет е многу повеќе поврзан отколку што бил некогаш
Пријателите, семејството, дури и непознатите луѓе кои живеат илјадници километри можат да комуницираат веднаш благодарение на социјалните мрежи. Секој „може“ да скокне во авион и да пропатува огромни далечини за само неколку часа, но и покрај сето тоа многу луѓе на планетата се чувствуваат осамени.

Истражувањата покажаа дека се појавила „епидемија на осаменоста“ и таа се повеќе се шири. Експертите потврдија дека повеќе од 30% од популацијата во Америка се контантно осамени а таквото чувство може да предизвика сериони ментални и психички проблеми, стрес и депресија. Докторите докажаа дека личностите кои се чувствуваат осамени имаат многу повисок крвен притисок и ослабен имунолошки систем за разлика од останатите луѓе.
Еве што тие советуваат да направите кога се чувствувате изолирано и напуштено.

-Разговарајте за своите чувства
Докторите советуваат дека нема ништо срамно во тоа да се споделат чувствата на самотија со некого, тоа е во секој случај подобро отколку затворањето во себе кое може да доведе до сериозни психички пореметувања. Сигурни сме дека многу луѓе ќе ја разберат вашата состојба и ќе се обидат да ви помогнат, и покрај се секој барем еднаш во животот се затекнал како се чувствува на сличен начин во даден момент.

-Одржувајте ги цврсто конекциите кои веќе ги имате
Сигурно имате одреден круг на пријатели кои не ги гледате толку често но сепак обожавате кога сте во нивно друштво. Зацврстете ја конекцијата и обидете се да бидете заедно со нив почесто. Направете мали ангажмани кои ќе ве зближат, било да е тоа гледање филм во вашиот дом, земање заеднички часови по некој танц или учење на странски јазик заедно.

-Придружете се во волонтерски и хуманитарни клубови
Нема подобар лек за самотијата кога знаете дека сте од корист некому и дека тој некој вечно ќе ви благодари што постоите. Обидете се да волонтирате во некој клуб или да се придружите во некоја хуманитарна акција, не само што ќе направите добро дело туку и ќе запознаете многу нови луѓе со кои ќе пронајдете заеднички јазик.

-Пронајдете ја вашата пасија
Доколку постои нешто кое ве прави исклучително среќни но најчесто го оставате настрана поради други обврски во животот, обидете се на секој можен начин да издвоите барем малце време за него. Било да е цртање, садење цвеќиња, сликање, доколку тоа е нешто кое ве исполнува и ве прави среќни, нема потреба да пронаоѓате изговори, направете го веднаш!