Категории

Сребрено шише за ракија од патник на Титаник продадено на аукција за 98.000 долари

Сребрено шише за ракија кое припаѓало на еден од патниците кој го изгубил животот на бродот Титаник продадено е за 98.000 долари на аукција.

Helen Churchill Kendi му го дала шишето на Edward Kent на кое било изгравирано „верна,но несреќна“ , непосредно пред Edward Kent да се качи на Титаник, не насетувајќи дека тоа ќе биде неговото последно патување. Тој го изгубил својот живот заедно со повеќе од 1 500 луѓе во несреќата на Титаник која се смета дека е најголемата поморска катастрофа во историјата.

Шишето е пронајдено заедно со телото на Edward Kent. Денес, ова сребрено шише за ракија е продадено на аукција за 98 000 долари. Аукционерите кои го процениле овој необичен предмет на 80 000 долари останале вчудоневидени кога шишето достигнало цена од околу 100 000 долари.
На аукцијата бил продаден и гумен појас од Титаник кој достигнал вредност од 58 000 долари и за кој се верува дека и припаѓа на преживеаната Margaret.