Категории

Средство за чистење што го имаме дома, а целосно го игнорираме

Се работи за жешка вода која често ја занемаруваме, но високите температури и течните својства имаат голема способност да ги дезинфицираат работите и да ги омекнат, односно исчистат маснотиите и дамките од мебелот.

Со жешката вода можете слободно да заштедите на средствата за чистење и наместо нив да користите вода.

  • Доколку ја извалкате ткаенината, сипајте жешка вода врз дамката и таа веднаш ќе се измие.

  • Жешка вода е одлична за дрво, плочки и линолеум, бидејќи ги растворува мастите кои се акумулираат.

  • Од време на време пуштете жешка вода во цевките во судоперот. Доколку ова го правите редовно успешно ќе се решите од маснотиите од детергентот и храната.

  • За чистење на садовите на вашите домашни миленици, оставете жешка вода неколку минути во садот од кој јадат, односно пијат.

  • Тавите најлесно се чистат со жешка вода. Оставете ја тавата во жешка вода, истурете малку детергент и исплакнете ја тавата. Користете и жица за чистење, доколку е потребно.

 

Прегледи:
453
Објавено на:
27.10.2018