Многумина мислат дека среќата е во парите и достигнувањата. Во тоа каков статус има човекот, колку нули има на неговата сметка во банка и што запишува во својата даночна пријава.
Други мислат дека среќа е да го исполнат максимално својот план. Да родат деца, да стекнат добар стан, да летуваат три пати годишно на море и да бидат потполно „нормални“, општествено прифатливи по сите канони.
Трети мислат дека среќа е кога имате многу пријатели кои постојано ви се јавуваат, бескрајна низа состаноци, постојани случувања како што се патувања и забава…
И никој не е во право. Бидејќи сѐ од ова горе наведеното не е ништо друго освен инструменти.
Имам еден пријател, мултимилионер. Еднаш ме повика да ме праша дали да купи мермерна даска за сечкање од триста евра.
– Ако ти се допаѓа, земи ја.
– Но, таа не вреди толку пари…
Сакам да кажам дека може да имате многу пари, но да не знаете да уживате во нив. Воопшто. Може да имате прекрасно семејство, но да не се чувствувате среќно кога ќе дојдете дома уморни од работа. Може да го правите она за кое сте предодредени, но ако се насочите кон достигнувањата и платата, никогаш нема да го искусите задоволството да се бавите со омилената професија.
Всушност, среќата не е во парите, мажот/жената, патувањето, кариерата. Ниту во јавувањата, пријателствата. Таа зависи од тоа како живеете СЕГА.
Среќата не е скалило кое еден ден ќе го достигнете, вложувајќи напор. Безвредните соништа поради кои страдавте многу години. Оние кои оделе кон своите соништа преку крв, пот и бакарна цевка ќе го потврдат тоа.
Среќа – тоа е кога ќе се разбудите и се чувствувате добро. Толку е едноставно. Појадувате и уживате. Одите на работа и дури ви се допаѓа и автобусот. Доаѓате дома и си играте со децата, бидејќи чувствувате задоволство, а не исполнување родителска должност. Тогаш е патот до вашата цел еквивалентен со моментот на постигнување на истото. Дали разбирате? Среќата е ТУКА И СЕГА.
Михаил Лабковски