За среќа не треба многу, доволно е да водите грижа за малите нешта кои секојдневно ве опкружуваат.
Престани да се грижиш како изгледаш во очите на другите
Кога ќе влезеш во некоја просторија никогаш немој да се прашуваш себеси дали ќе им се допаднеш на другите, наместо тоа запрашај се дали тие ќе ти се допаднат тебе. Животот станува полесен кога ќе престанеш да бараш одобрување од другите. Не треба да ги сакаш сите за да бидеш добра личност. Биди ти!
Не откривај се за себеси
Биди таинствен. Не кажувај им на сите се што се случува во твојот живот. Понекогаш луѓето сакаат да дознаат нешта само затоа што се љубопитни а не затоа што се грижат.
Внимателно избирај ги зборовите
Зборовите имаат моќ да уништат и да излечат. Одбирај ги внимателно. Одбирај да разговараш повеќе за нештата кои ти се допаѓаат наместо за нештата кои ги мразиш. Тоа е добро за тебе и твоето здравје.
Биди љубезен
Однесувај се кон секого на љубезен начин. Немој да забораваш на малите знаци на внимание како што се Добро утро, Благодарам и Молам. Давај комплименти и секогаш труди се да го истакнеш и согледуваш само најдоброто кај другите наместо да ги бараш само нивните лоши страни.
Направи луѓето околу тебе да се почувствуваат важни што се во твојот живот, дај им до знаење дека ти значат.
Грижи се за себеси
Грижи се за себеси, ова можеби е клише но третирај се себеси како најдобар пријател. Награди се себеси кога ќе оствариш некој успех. Шегувај се сам со себеси, зборувај и биди искрен спрема себеси. Грижи се за своето тело, тоа е твоето единствено тело кое ќе го имаш се додека си жив.
Издвои време од денот за да се забавуваш во самотија, нека времето поминато со самиот себе биде пријатно за тебе. Инвестирај во твојата страст и она кое те исполнува. Запознај се себеси и што е најважно – биди нежен спрема себеси.