„За успешен брак, потребно е да се заљубите повеќе пати, секогаш во истата личност“, своевремено изјавила Мињон Меклафин, американската новинарка и писателка. Да научиме како да бидеме среќни во бракот. Да бидеме вистински задоволни покрај саканата личност со која делиме сѐ.
Следните 10 мудрости можат да ни помогнат во тоа:
- Не дозволувајте никогаш да бидете лути во исто време.
- Не викајте еден на друг никогаш – освен ако во куќата не избие пожар.
- Препуштете му ја честа на партнерот да „победи“ во расправа кога и да се укаже прилика.
- И кога критикувате правете го тоа со љубов.
- Не ги оживувајте денес вчерашните грешки.
- Запоставете го целиот свет доколку морате, но не се запоставувајте еден со друг.
- Не легнувајте пред да го решите проблемот.
- Кажувајте и нешто убаво на љубовта на вашиот живот барем еднаш во денот.
- Кога ќе направите нешто лошо – признајте го тоа и побарајте прошка.
- Не заборавајте дека за танго се потребни двајца. Никој од вас никогаш не е единствениот кривец, како што ниеден од вас двајца не може секогаш да е во право.