Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЧЕТВРТОК (28 ЈУНИ 2018)

Стрелец

Денеска потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Помогнете му на некој пријател кој е во неволја и дајте му некој корисен совет. Можеби комуникативноста не е вашата јака страна, но, во денешниот ден ви е потребна забава и социјализирање.

Јарец

Некоја кавга во семејството значително ќе ве загрижи и ќе направи да се чувствувате тажно. Наместо да тагувате и да седите дома, излезете и уживајте со сончевите зраци. Рекреативна прошетка во природа добро ќе ви дојде.

Водолија

Доколку партнерот има желба што почесто да ве гледа, не му замерувајте, тој само се чувствува запоставено и потребно му е повеќе внимание. Почнете да распознавате кои пријатели ви се вистински, а кои не вредат за вашето внимание.

Риби

Наместо да бидете опколени со луѓе кои шират негативна енергија, оттргнете се од сите и останете во својот дом посветувајќи си време само на себе. Бидете што повеќе физички активни и со тоа ќе се чувствувате подобро.

1 2 3

Прегледи:
863
Објавено на:
27.06.2018