Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (02 МАРТ, 2018)

Лав

Иако вашите пријатели не ве разбираат многу, тие ќе ги поддржат вашите напори. Препоставувате дека тие ќе се спротивстават на вашите необични идеи, но можеби само не сакаат да размислуваат на начин на кој вие го правите тоа. Ако чувствувате дека се е во ред, направете чекор напред и остварете ги своите планови.

Девица

Партнерот сака да му посветите малку внимание. Не штедете се во таа смисла. Потребно е да внесете ведрина и позитивна енергија. Возвратената љубов ќе ви биде доволна за издржување на обврските во текот на денот. Успеавте да заштедите некој денар и тоа е за пофалба, продолжете така. Здравствената состојба е солидна, можно е да се појави мала настинка.

Вага

Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

Скорпија

На околината не и е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател. Ниту еден план денеска нема цврста основа, па не се надевајте на идеален резултат. Многумина ќе бидат разочарани од вашето нечовечко однесување. Иако мислите дека некого мудро сте го надминале, верувајте дека тој ги прочитал вашите намери.

 

1 2 3

Прегледи:
868
Објавено на:
01.03.2018