Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (13 АПРИЛ, 2018)

Овен 

Денес ќе го разбудите перфекционистот во себе, па нема да почнувате ништо ако претходно не сте го анализирале детално. Тоа важи и за љубовта, па ќе ставите големи пречки пред додворувачите. Вечерта ќе ви ја разбуди желбата да потонете во прегратките на саканиот, па бидете иницијатор на романтично бегство од реалноста.

Бик

Имате многу енергија и сте фокусирани на домот и семејните случувања.  Денот е одличен за да се забавувате во домашен амбиент. Чувствувате стимулација да учите или проучувате нешто ново. Во попладневните часови се очекуваат романтични разговори кои ќе ги разбудат вашите емоции.

Близнаци

Би можеле во некоја групна активност да запознаете некоја искусна и мудра личност што ќе ви го привлече вниманието. Ќе слушнете многу интересни работи кои ќе ја збогатат вашата ризница на мудрости. А можеби ќе добиете вреден совет за некоја за вас многу важна работа.

Рак

Ако сте инволвирани во уметничките сфери, денес се што ќе правите ќе биде направено со голема посветеност и прецизност. Вашиот ум е остар и сакате да работите пополека и внимателно. Романтичните разговори би можело да се сведат на некакви рутини.

Продолжува на страна: 1  2  3

1 2 3

Прегледи:
980
Објавено на:
12.04.2018