Стрелец
Конверзациите со вашите партнери и блиски пријатели ќе бидат пријатни и емоционално исполнувачки. Другите ќе ви се придружат во експандирањето на вашите идеи. Одлично ќе бидете организирани и ќе можете будно да ги следите другите. Гледате големи можности, но во исто време ги гледате и недостатоците.
Јарец
Ви треба малку возбуда денес. Вечерва отидете на повеќе забави, или посетете некој нов клуб кој е отворен до утро. Ако имате можност отидете на некој спортски натпревар, или пак спортувајте самите. Откако ќе си ја потрошите енергијата, одвојте време да осознаете од каде толку голем вишок на енергија во вас.
Водолија
Ова не е добар ден за барање финансиски решенија, а исто така не е добар ни за трошење пари. Многумина од вас, денот ќе го поминат во задлабочени размислувања за различни сфери од животот. Обидете се да не започнувате ништо ново, затоа што нема да ги добиете очекуваните резултати.
Риби
На љубопитен начин ќе бидете волни да бидете директни и отворени кон себе. Ваквите моменти се ретки кај вас, па искористете го денот за анализирање и соочување со личните слабости и ставови. Некои пријатели ќе бидат шокирани од прашањата што ќе ги поставувате.