Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (26 ЈАНУАРИ, 2018)

Стрелец

Несериозни сте во врска со некој проблем кој ви се појавил, вашиот партнер е лут, а вие и понатака несериозно постапувате. Обидете се барем да се извините и променете го однесувањето. Малите недоразбирања не вредат за во толкава мера да ви го влошат животот. Бидете поодговорни и исполнете ги ветувањата.

Јарец

Кај вас постојат некои непотребни нервози и кавги кои не можете да ги надминете а буквално без потреба ви го одземаат времето. Не се фокусирајте кон проблемите и нивните корени, фокусирајте се на нивните решенија, но сето тоа направете го мирно и сталожено, не е потребно толкаво емоционално залагање. Потребно е да сфатите дека во животот не оди се така како што вие сте испланирале.

Водолија

Во следниот период вашите планови ќе бидат насочени кон тоа како да се одморите, но тоа нема да ви се исполни бидејќи работните обврски пристигнуваат во секој момент. Чувствувате дека некоја ваша блиска личност не е искрена со вас, но не можете да го решите тоа. Премолчете и обидете се да го одложите тој проблем за некој поповолен период.

Риби

Се одморивте, ги наполнивте батериите и сега започнувате со нова енергија и сила при решавањето на секојдневните обврски. Некој здравствен проблем ве загрижува но вие немате на кого да му кажете. Доверете му се на семејството и побарајте поддршка. Постои можност за патување во странство, каде можно е да склучите повеќе деловни договори.

1 2 3

Прегледи:
880
Објавено на:
25.01.2018