Овен
Евидентна е менталната, емотивна и физичка криза. Одговорот на многу прашања побарајте гo во недостатокот на виталност, па настојувајте да зајакнете. Ви годи самотијата, зашто никој не е во состојба да ве расположи. Помошта од страна е незначителна, а луѓето неадекватни. За среќа, целосното незадоволство е само субјективно и минливо.
Бик
Имате доста проблеми, не стојте во место, движете се и решавајте ги. Во нешто ќе успеете а во нешто не. Не обидувајте се да се радувате предвреме, кога реално немате причина за тоа. Испланирајте го времето. И семејството се лути поради вашите чести изговори за отсуството и невниманието кон нив.
Близнаци
Планетите ќе се погрижат ова да биде еден од вашите посреќни денови во оваа година. Се разбира и од вас се бара мал труд. Покажете ентузијазам и страст, но балансирајте ги со воздржаност. Колку и да сакате нешто да се случи, не треба да си дозволите да изгледате очајно. Ќе добиете интересен предлог на кој нема да можете да му одолеете.
Рак
Чувствувате страв за својата егзистенција. Нормално е да не сте рамнодушни, но нормално е и трезвено да размислувате за се и да пронајдете компромисно решение. Потрудете се да бидете смирени и трезвено да им приоѓате на проблемите. Некој пријател ќе ви помогне да ја надминете финансиската криза.