Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (24 СЕПТЕМВРИ, 2018)

Лав

Ќе стекнете нови пријатели кои исклучително многу ќе ја ценат вашата лојалност. Тоа значително ќе ја подобри вашата позиција на работното место. Ќе добиете многу понуди, но не брзајте веднаш да прифатите некоја од нив. Разговарајте со вашето семејство за ризиците на работното место, една Вага ќе ви го даде најдобриот совет околу тоа.

Девица

Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Не земајте слободни денови кога немате реална потреба за тоа, вашите колеги веќе се разлутени, обидете се да дадете поголем напор на работа.

Вага

Се наоѓате во состојба на блага емотивна напнатост. Причината за таквото расположение е индивидуална. Многумина од вас претрпеа голем шок, затоа размислувајте за промена на средината. Потрудете се да бидете повеќе толерантни. Не се грижите за финансиските средства, во наредниот период ви се отвараат нови прилики за уште подобра заработка.

Скорпија

Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптоварувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Разговарајте со вашите соработници, овие неколку дена се најповолниот период за да си ги наместите работите онака како што вам ви одговара.

 

1 2 3

Прегледи:
952
Објавено на:
23.09.2018