Лав
Можеби денот и нема да ви биде кој знае каков во смисла на расположение и чувства, но затоа пак ќе ви биде доста добро насочен во смисла на финансии и пари, било да добиете или примите нешто, било да заработите, што секако зависи од вашиот работен статус и секако од вашите позиции и успеси на финансиските полиња.
Девица
Вашиот финансиски успех во последно време може да ви изгледа премногу одличен за да биде вистинит. Ќе добиете поттик за уште еден чекор напред. Бидете задоволни со самите себе. Ако се чувствувате несигурни немојте да се плашите. Тоа е само моментална фаза. Овој период е одличен за инвестирање на пари.
Вага
Различните финансиски планови што сте ги започнале изгледаат комплицирано. Добро се снаоѓате во ситуација кога треба да донесе важна одлука. Повремено имате лоша процена и очекување за расплетот на случувањата во љубовниот живот. Премногу се концентрирате на иднината, иако би требало да уживате во малите моменти од сегашноста.
Скорпија
Ќе бидете среќни и расположени. Но, исто така може лесно да избувнувате, па избегнувајте ги луѓето кои лесно можат да ве извадат од такт. Не зборувајте рамнодушно за нешто за кое сте возбудени. Прикривањето на вистинската возбуда може да придонесе да оставите погрешен впечаток дека сте незаинтересирани за нешто што вие многу го сакате и ви значи.