Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (06 МАРТ, 2018)

Овен 

Одговорностите ви го насочуваат патот по кој ќе треба да се движите. Некои од вас може да влезат во нови партнерства, но повеќето ќе донесуваат одлуки за тоа каде води нивната моментална состојба. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Но и финансиите исто така, затоа не се опуштајте премногу во трошењето овие денови.

Бик

Денес ќе имате чувство дека работите не можат да тргнат наопаку. И ќе бидете во право. Ќе погледнете околу вас и ќе најдете многу нешта поради кои ќе сте задоволни и благодарни што ги имате. Животот не бил секогаш фер кон вас, но сега ќе забележите дека лошите моменти ве направиле уште посилни и посамоуверени.

Близнаци

Денес бидете дарежливи кон себе и кон оние што ви значат. Планирањето на трошоците е во ред, но понекогаш треба да си пружите и по некое задоволство. Денес планетите ќе ве поттикнат да го прославите вашиот личен успех. Не седете со скрстени раце и соберете ги пријателите и колегите. Преземете ја лидерската функција во организацијата и направете сите да ве следат вас.

Рак

Денес ќе можете да се пофалите со голема самодоверба, па искористете ја и направете нешто смело. Претставете ги своите идеи пред колегите или облечете нешто што ќе ве издвои од толпата. Ништо нема да може да ве исплаши или предмисли ако наумите да направите некоја работа. Искористете го овој поволен ден и завршете ги сите обврски навреме.

 

1 2 3

Прегледи:
807
Објавено на:
05.03.2018