Лав
Ова е одличен момент да почнете да заработувате. Многу вложувавте, па нормално е да ви се врати. Потрудете се да не се расправате со соработниците. Загрижени сте, а и самите не знаете зошто. Потрудете се да се смирите и да бидете потолерантни. Поведете повеќе сметка за неконтролираното трошење и заштедете некој денар.
Девица
Во потрагата за вредности размислувајте практично. Ви пречи несериозноста спрема работата на другите. Не сакате да се расправате, па го потиснувате незадоволството. Сакате нешто да промените и ќе ви успее тоа. Исполнете ги сите обрски на работа, не ги одложувајте предметите за наредната година, тоа лошо ќе се одрази на вашата кариера.
Вага
Многу животни проблеми ве стигнаа во исто време. Борете се со сета сила ако сакате да успеете. Не штедете ја енергијата и бидете трпеливи. Послушајте совет од блиските кои ќе ви помогнат со помалку напор да завршите повеќе работи. Денес не навлегувајте во непотребни конфликтни ситуации, останете смирени, без разлика на големината на проблемот.
Скорпија
Упорно сакате вербално да се докажете, мислите дека секогаш сте во право. Бидете трпеливи, бидејќи може да се исцрпите докрај ако продолжите со расправиите. Размислете објективно за тоа до каде сте и како се чувствувате. Моменталната состојба не ви е многу сјајна, но за тоа сте виновни единствено вие, во иднина пред да ги одложувате работите, размислете за последиците.