Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11. АПРИЛ 2019 ГОДИНА

Јарецот мора да поведе сметка за бубрезите, Бикот е склон кон алергии, Вагите имаат чувствителен стомак.

ОВЕН

Можно е да не добиете поддршка за некој свој проект поради што сте останале без мотивација. Можно е познанство со личност која ќе ви покаже дека сака да биде во врска со вас. Проблеми со зглобовите.

БИК

Можни се мали недоразбирања со колегите но, на крајот од денот ќе успеете да ги решите. Ќе запознаете интересна личност која ќе покаже искрено интересирање кон вас. Можни се проблеми со алергии.

БЛИЗНАЦИ

Не очекувајте премногу нови случувања денес. Овој ден ќе ви биде прилично пасивен на работно поле. Не се сложувате најдобро со брачниот партнер и доаѓа време кога можеби треба да размислите за разделување. Проблеми со варењето.

РАК

Успеавте да дојдете до подобрување на деловно поле и горди сте на себе за тоа. Ве очекува поволен период за работа. Конечно ќе најдете компромис со саканата личност. Намалете го внесувањето на јаглехидрати.

ЛАВ

Резултатот од ситуацијата која ве загрижува може да биде позитивен ако се потрудите адекватно околу тоа. Ви се допаѓа личност која ви влева сигурност. Убаво се чувствувате кога сте еден покрај друг. Помал пад на енергијата.

ДЕВИЦА

Може да очекувате позитивни околности и решавање на некои работни дилеми кои ве мачеле досега. Ве очекува возбудлива ситуација со партнерот. Меѓусебно се заведувате и уживате во убави моменти. Спортувајте.

ВАГА

Ве очекува поволен ден доколку планирате продажба на недвижности или било каков поголем подем на деловно поле. Ве очекува комуникација со личност која ќе ви покаже дека сака повеќе од пријателство со вас. Можни се болки во стомакот.

СКОРПИЈА

Може да очекувате сосема добар ден во текот на кој без проблем ќе ги решите сите работни обврски кои ве очекуваат. Лесно ги покажувате своите емоции кон симпатијата и доаѓа до почеток на врската. Не би требало да имате никакви проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува помал губиток на работа и водете сметка во врска со тоа. Во вас се буди силно чувство на привлечност кон личност со која досега сте биле само пријатели. Здравјето е сосема во ред.

ЈАРЕЦ

Среќата денес ве прати и се чувствувате добро во работното опкружување. Може да очекувате позитивен тек на настаните. Доколку сте планирале да влезете во сериозна врска, денешниот ден е поволен за тоа. водете сметка за бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Ќе успеете да ги завршите обврските кои чекаат на вас веќе некое време. Може да се надевате на добра ситуација на ова поле. Ќе остварите ново познанство кое би можело да води до сериозна љубовна врска. Зголемете го внесувањето на витамини.

РИБИ

Сите планови нема да одат онака како што сте си замислиле, па најдобро е да бидете подготвени на некои промени на ова поле денес. Партнерот ви е максимално посветен и вашата врска е стабилна, позитивна. Можни се проблеми со ушите.