Категории

СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ЈУНИ 2020 ГОДИНА

Што го очекува вашиот хороскопски знак овој месец?

Овен

Во некои денови од месецот ќе се чувствувате како сите да се против вас, но веќе на 10-ти јуни, ќе добиете покана за забава која нема да можете да ја одбиете, и тогаш напнатоста ќе исчезне. Некој ваш пријател ќе ве запознае со нова личност која можеби ќе стане дел од вашиот живот. Вашиот среќен ден овој месец ќе биде 15 јуни.

Бик

Ве очекуваат доста активни денови месецов, па затоа бидете подготвени. На пример овој петок искористете го за некој спа третман или масажа, за потоа полесно да се справувате со обврските. Вашиот љубовен живот останува во нормала. Доколку сѐ уште не сте си ја нашле вашата сродна душа, можеби треба да ги спуштите малку вашите стандарди и критериуми.

Близнаци

Овој месец ќе ви помине во знакот на пријателството и љубовта. Изминатиов период поради вашите работни обврски можеби немавте време за вашите задоволства, но затоа овој месец тоа ќе го надоместите. Ве очекуваат среќни денови со партнерот и вашите пријатели, а вашиот најсреќен ден во овој месец е 22 јуни.

Рак

Месецов добро ќе ви дојде да земете неколку слободни денови од работа и да се релаксирате. Не мора да е некоја егзотична дестинација, може и некаде во нашата земја, но потребно ви е да се одморите. Вашиот среќен ден овој месец е 25 јуни, па тогаш очекувајте некое романтично изненадување.

Лав

Како и секогаш, вашата мистериозност и саркастичност ќе го нервира вашиот партнер, па поради тоа можно е да дојде и до прекин на врската. Ве очекува повик од личност која го повредила вашето его во минатото, па месецов ќе имате можност да ги израмните сметктите. Посветете повеќе внимание на вашето семејство, во последен период поради вашите љубовни проблеми се оддалечивте од сите.

Девица

Партнерот ќе се чувствува запоставено. Време е да му го посветите сето внимание нему, изненадете го и веднаш тој ќе ви возврати. Започнете да го планирате летово. Здравјето е добро, но потребни се рутински прегледи. Вашиот среќен ден месецов е 12 јуни.

Вага

Многу од вашите пријатели ќе сакаат да ви укажат на некои грешки кои ги правите, не лутете им се туку послушајте ги нивните совети. Добронамерните совети што ќе почнете да ги применувате ќе ви отворат многу нови врати во животот и во работата. Овој месец најсреќен ден ќе ви биде 11 јуни, па затоа добро искористете го за некоја журка.

Шкорпија

Доколку потполно се посветите на работните обврски можен е напредок на работното место. Со тоа ќе се зголеми вашето его. Вашиот партнер ќе има потреба да поминува повеќе време сам, не лутете се оставете простор и за дружба со пријателите. Среќни и возбудливи моменти ве очекуваат на 3 јуни.

Стрелец

Внимавајте како ги трошите парите, бидејќи ако вака продолжите, нема да можете да си го приуштите одморот кој толку го посакувавте. Првиот дел од месецов ќе имате можност да ги докажете своите квалитети на професионално поле. Оваој месец вашиот среќен ден е 17 јуни, па искористете го најдобро што можете.

Јарец

Запомнете го добро овој месец, бидејќи ќе бидете среќни во секој момент. Венера ќе ви донесе насмевка на лицето, оптимизам и желба за уживање. токму тој оптимизам кој ќе ве обземе, ќе направи да имате големи успеси и на професионално и финансиско поле. Љубовта ви се нуди на сите страни, а на вас останува да го изберете она што најмногу ви одговара.

Водолија

Конечно се ослободивте од тоа што ви претставува товар. Ви претстои месец исполнет со многу насмевки и сатисфакција. За време на викендот искористете го вашиот шарм кој го поседувате,  и одговорете на поканите за забави кои ќе ги добиете. За оние кои не се во врска, ги очекуваат многу изненадувања во сабота.

Риби

Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвика голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики, за кои сте свесни дека неповолно влијаат на вашата виталност. Месец јуни ќе ви донесе возбудливи изненадувања, бидете подготвени.

Прегледи:
914
Објавено на:
01.06.2020