Денес изминуваат 37 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески.
Човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.
Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.
Денес треба да сме среќни заради него. Затоа што Тоше не сакаше тажни лица и солзи, особено не за него.
Денес колку и да боли што го нема, подигнете ја главата, испратете му насмевка и запејте му песна. Само така тој вечно ќе живее.