Мотивирани од недостигот на заедници коишто ги спојуваат младите креативни и претприемачки умови, пред речиси три години се основа Стартап Клуб Скопје.
Целта на постоењето ваков клуб е да се креира заедница за сите млади коишто имаат иновативни стартап идеи, да се вмрежат со луѓето од стартап и бизнис сферата и да се креираат можности за понатамошен развој и имплементирање на нивните идеи.
Стартап Клуб Скопје (СКС) е првиот инкубатор од овој вид во нашата држава што нуди континуирана поддршка, менторство и пристап до инвестиции на сите претприемачи со иновативни стартап идеи. Она што го издвојува од останатите заедници од овој вид е мрежата за соработка (networking) која што ја нуди – соработка со останати надворешни соработници и стартапи, секогаш достапни за поддршка и споделување искуство за позитивно претприемништво.
Како прв централен претприемачки хаб на нашите простори што нуди поддршка низ целиот развоен процес на иновативните претприемачки проекти. Од менторирање од искусни креатори, преку вмрежување, до решавање на инвестициските прашања. Едноставно кажано, СКС е местото за реализирање на сечија стартап идеја!
„Досега сме поддржале голем број невладини организации и студентски иницијативи, преку серијата фриленсерски дружби, до претприемачки разговори, секогаш даваме поддршка за иновации и развој. Со нашиот нов простор сакаме да покажеме дека можеме да имаме локално, а светско. Секој дел од просторот е внимателно осмислен и започнат со поддршка на локални артисти. За графитите беше задолжен Драш – од самата скица до целосната реализација на графитите. Оставаме просторот да инспирира и да биде приказна за уште многу успешни стартапи! Верувам дека со вистинската поддршка и простор, инспирацијата ќе продолжи за креирање и развивање уште многу успешни стартап приказни!“ – вели Сашо Јовановски, претседател на Стартап Клуб Скопје.
Конечно, СКС го отвара својот нов креативен простор со капацитет од 200 м2. во склоп на Среќа Бар во зградата на Американ Колеџ (Аеродром). Ултрамодерниот и креативен мултифункционален простор е новото co-working место во Скопје за сите креативци, фриленсери и претприемачи, кое ќе може да се користи потполно бесплатно! Дополнително, ова е местото на кое ќе се одржуваат голем број настани од стартап и бизнис индустријата, со што мисијата за поголемо вмрежување на фриленсерите, претприемачите и стартапите конечно се остварува!
Која е намената на овој мултифункционален простор?
- организирање настани и работилници
- co-working простор
- простор за сите иноватори и претприемачи
Кој може да го користи овој простор?
Во деновите кога нема организирани настани, просторот ќе функционира како co-working место – наменет за секого и потполно бесплатно! Сè што ќе биде потребно да направите е да се најавите еден ден или неколку часа претходно со цел да го обезбедите вашето место.
Повеќе информации околу резервациите ќе бидат споделени на социјалните мрежи на Стартап Клуб Скопје.
Кој сè може да организира настани?
Без разлика дали сте дел од студентска, младинска, невладина или каква било друга организација, СКС со голема радост ги отвора своите простории за организација на сите ваши настани, вмрежување и дружби!
Кој се може и како да се пријавите за да бидете дел?
Преку мотото #ИмамИдеја, Стартап Клуб Скопје ги повикува сите иноватори да се пријават и да бидат дел од оваа заедница. Сè што треба да направите е да ја пополните следната форма и да бидете дел од Стартап Клуб Скопје!
Стартапџии, фриленсери и креативци – добредојдовте во вашиот нов омилен простор за креаирање, соработка и дружби!
Следете нè на нашите социјални мрежи (Facebook, Instagram и LinkedIn) и бидете меѓу првите коишто ќе ги дознаваат новостите.
Ги покануваме сите заинтересирани да дојдат на официјалното отворање на нашиот простор на 18 октомври (среда) со почеток од 19:00ч., каде воедно ќе имаат можност да се запознаат со сите можности за приклучување кон Стартап Клуб Скопје.
Ветуваме добра забава и многу позитивна енергија!
Просторот ќе биде официјално отворен од 18 октомври.
Реализирањето на оваа идеја е овозможено благодарение на соработката со happiness.marketing и Импакт Фондација, во партнерство со Ways2Help.