Категории

Сте имале голем број на сексуални партнери пред брак? Тоа влијае на вашиот љубовен однос, а еве како!

Во едно истражување кое се однесува на бројот на партнери на луѓето, анализирани се податоци на илјада слободни Американци на возраст од 18 до 34 години.

По пет години 418 личности од нив биле во брак. Научниците потоа ги испитувале тие бракови за да увидат дали факторите како сексуалното минато на учесниците влијаеле врз квалитетот на бракот. Се разгледувале четири ставки: среќа во односот, размислување за развод, ниво на доверба и оценка како функционираат во заедница. Според истражувањето, луѓето кои имале помалку сексуални партнери во минатото сега се во поквалитетни бракови.

Стручњаците тврдат дека овие резултати посебно се важни за жените, бидејќи тие покажале поголемо незадоволство од бракот доколку имале повеќе сексуални партнери. Освен нив, и личностите кои во еден период од животот живееле во вонбрачна заедница со личност која подоцна не станала нивен брачен другар, исто така се помалку среќни во бракот.

Зошто е тоа така?

Стручњаците велат дека личностите кои имале поголемо искуство можат да ја зголемат свеста за алтернативни партнери. Со други зборови, луѓето кои имаат низа претходни односи лесно стануваат незадоволни. Некои научници кои не учествувале во ова истражување сметаа дека овие резултати треба да се земат в обзир со доза претпазливост.

„Постојат многу причини кои можат да ги наведат луѓето кои имаат повеќе партнери пред брак, а една од нив е дека доколку претходно не сакале обврски сега кога се во брак се потполно смирени“, вели еден од научниците.

Прегледи:
703
Објавено на:
01.02.2019