Категории

Сте слушнале ли за воениот Дизниленд на Русија?

Претседателот на Русија, Владимир Путин го отвори првиот Патриотски парк со воена тематика, кој се наоѓа во Кубинки, еден час возење од Москва.

– Овој парк претставува дел од воено- патриотската програма за работа со младите луѓе – изјавил Путин на официјалното отворање кое се случи во 2016 година.

Патриотскиот парк претставува забава за целото семејство, со воен акцент. Децата наместо возење со ролеркостер се играат со тенкови и останато тешко наоружување, додека родителите можат да уживаат во купување сувенири, претежно со ликот на истакнатие руски државници од минатото, но и од Че Гевара, Фидел Кастро и останати важни историски фигури.

Отворањето на овој парк се случи во време на големи политички недоразбирања на Русија со Западот, и претставува права инјекција на патриотизмот која Путин му ја додели на својот руски народ.

Покрај тоа што претставува „воен Дизниленд“, Патриотскиот парк е исто така место на одржување на изложби, конференции за руското вооружување и воени планови за идната година, на кои присуствуваат бројни делегации од различни делови во светот.

– Наместо да им се овозможи да играат со Мики Маус, да одат во Мекдоналдс или Дизниленд, тие деца си играат со тенкови и пушки. Во Русија не постои ниеден Дизниленд, но неговата улога ја презема воениот парк Патриот во Кубинки – е еден од коментарите кои кружат во светските медиуми.

Прегледи:
606
Објавено на:
06.06.2019