Не очекува враќање на најголемите трендови од крајот на минатиот век.
Во текот на летото, последното нешто што сакаме да го направиме е стилизирање на нашата коса затоа што е премногу топло. Покрај тоа, ние сме често на плажа, така што ретко кој посветува многу време на својата коса.
Затоа есента е вистинско време да експериментирате повеќе со вашата коса и да испробате нови трендови.
Влијанието на 90-тите и 2000-тите, покрај присуството во модната индустрија, не му одолеаа ниту стилистите за коса. Ќе доминираат фризурите што ги сакавме кон крајот на минатиот век.
Шноли, големи стегачи и украси за коса ќе преовладуваат оваа сезона.
Коњска опашка
Оваа фризура се врати во голем стил. Може да носите рамна опашка или со малку завиткани локни. Како и да е, изгледа навистина одлично. Оваа фризура е одлична за оние денови кога немате многу време, а сакате добра фризура.
Патец на страна
Наједноставниот начин да ја смените вашата фризура без посета на фризер, е овој тренд.
Плетенка
Овој тренд на стилизирање на коса е сè уште многу популарен. Без разлика дали ги носите во хохо стил или малку похрабра фризура како Кендал, нема да погрешите.
Лежерна пунџа
Фризура, исто така инспирирана од 90-тите години на минатиот век, е полн погодок оваа сезона. Со оваа фризура ќе изгледате стилски и опуштено. Таа прилега на секој облик на лице. За да го доловите сосема изгледот од минатиот век, врзете ја косата со голем стегач.
Шноли
Можеби најголемиот тренд од сите овие се шнолите за коса. Шноли со различна форма и бои се добредојдени оваа сезона. Бидете креативни и испробајте различни комбинации.