Категории

Стручњаците согласни: Ова е најдобрата возраст за раѓање деца!

Доколку се наоѓате во дваесеттите или триесеттите години од вашиот живот и се прашувате која е најдобрата возраст за раѓање деца, стручњаците на оваа тема имаат неколку одговори.

Одговорите на научниците се темелат врз различни истражувања, а најмногу зависи од тоа кои се за вас најсоодветните години за тоа. Според истакнат социолог од Тексас, според биологијата најдобри години за раѓање дете се доцните тинејџерски години или раните дваесетти. На таа возраст јајце клетките се најсвежи, а репродуктивниот состав е во најдобра функција.

Жените во дваесеттите години имаат најмала веројатност од развивање хронични здравствени проблеми кои можат да бидат ризични за нив и нивното бебе, во тие години и процентот за спонтан абортус е најмал, како и мртвородените деца и појавата на неплодност.

Бременоста во помлада возраст сама по себе бара откажување од многу работи и потешкотии во одржување на социјалниот живот. Поради тоа, многу жени во доцните тинејџерски години и во раните дваесетти не се чувствуваат подготвени за раѓање. Исто така, раната бременост многу често се случува пред стапувањето во брак и неретко го попречува образованието.

Различни студии, различни заклучоци

Најдобрата возраст за раѓање може да биде возраста кога жената има најголеми шанси да роди здраво дете. Па така, според една калифорниска студија, најдобрата возраст е 26 години, бидејќи тогаш се најмали шансите за раѓање на дете со било какво пореметување. Друга студија, пак, базирана врз национални податоци, земала в предвид други фактори, поточно стапката на смртност помеѓу доенчињата, па според тој фактор најдобра возраст за раѓање на дете е на 32 години. Трето истражување покажало дека најдобрата возраст за раѓање, водејќи се според долгорочното здравје на мајката е 31 година.

Жената која ќе го роди своето прво дете на 34 години веројатно ќе биде, во здравствена смисла, 14 години помлада од жената која родила со 18 години. Жените кои размислуваат како да го ускладат школувањето, кариерата и семејниот живот можат да очекуваат оптимални здравствени резултати доколку се остварат како мајки во триесеттата година од животот.

Сепак, доколку жената сака да има повеќе од едно дете, пожелно е првото дете да го роди пред 34-тата година, бидејќи тогаш мајките и децата се поздрави, а најдобро е последното дете да се роди пред 35-тата година на мајката. Одредено истражување покажало дека жените кои раѓале по 35-тата година имале зголемен крвен притисок, како и зголемено ниво на глукоза во крвта, имале полошо здравје во споредба со жените кои родиле пред 35-тата година од животот.

Прегледи:
821
Објавено на:
25.01.2022