Категории

Суво четкање – Третман на кожата кој морате да го испробате уште веднаш

Третманите за нега на кожата постоеле со векови наназад, но во последно време се почесто многу од нив доживуваат свое враќање. Еден од таквите е и сувото четкање односно ‘dry brushing’ кој оживеа и повторно се пласира на листата на тренд делотворни третмани на кожата.

Првиот чекор е да набавите четка од природни влакна затоа што синтетиката може да направи повеќе штета отколку корист. Најдобриот избор е дрвена четка со меки влакна и дршка со цел да го дофатите секој милиметар од телото.

Четкајте ја кожата со кружни движења и секогаш према нагоре, почнувајќи од стапалата. Секоја зона од телото поминете ја неколку пати но избегнувајте го интимното подрачје и оштетената кожа. Внимавајте да не четкате премногу грубо затоа што никако не смеете да создадете гребнатини по кожата. Очекувајте дека со тек на време вашата кожа ќе стане отпорна и ќе се навикне на овој третман.

После третирањето обавезно истуширајте се со цел да ги отстраните мртвите клетки од кожата и да ја поттикнете циркулацијата а за тоа ќе ви помогне студената вода. Сувото четкање практикувајте го секој ден во првиот месец, а подоцна ќе ви биде доволно и 2 пати неделно.

Предностите на редовното спроведување на овој третман ги има повеќе: ќе ги отстрани изумрените клетки од вашата кожа, ќе ја поттикне циркулацијата, ќе го исфрли вишокот вода од организмот и постепено ќе го отстрани целулитот и ќе и подари на вашата кожа детоксикација, исто така ќе го зајакне и имунолошкиот систем, ќе стимулира брз раст на ќелиите на кожата, ќе ја затекне кожата и ќе ја стимулира работата на хормоните и жлездите.

Прегледи:
702
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
10.11.2020