Категории

Светот го одбележува Светскиот ден на планината

Секоја година 11 декември се слави како Светски ден на планината, ден кој за Македонија како планинска земја е исклучително важен. 

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

Од исклучително значење е да се потсетиме зошто планините се толку важни, да се потсетиме на нивната улога како обезбедувачи на вода и храна, но и да се разговара за загаденоста, климатските промени и миграцијата на луѓето кои живеат во планинските предели.

 

Планините покриваат околу 22 проценти од површината на земјата и 13 проценти од светската популација живее во овие предели. Дури 90 проценти од луѓето кои живеат во планинските предели се жители кои доаѓаат од земјите во развој, каде голем дел од луѓето живеат под прагот на сиромаштијата и 1 од 3 лице се изложени на опасност од недоволна храна.

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

Планините нудат 60 – 80 проценти од свежата вода со која се снабдува населението во светот. Според ОН дури една милијарда луѓе живеат во планински предели и преку половина од светската популација е зависна од планините за снабдување со вода и храна.

Планините се соочуваат со ризикот кој го наметнуваат климатските промени, а континуираното зголемување на температурите влијае на планинските предели, со големи поплави во одредени региони во светот, како последица од топењето на мразот.

 

Кога зборуваме за Македонија, слободно може да кажеме дека е планинска земја. Планините се исклучително значајни бидејќи дури 80% од територијата на државата е сочинета од планини. Има околу 40 планини од кои 12 се повисоки од 2000 метри надморска висина, што ја прави единствената држава во Европа со толкав број на планини и планински масиви на својата површина.

Живописни предели, ендемски видови на флора и фауна, кога зборуваме за Македонија зборуваме за држава со исклучително импресивна понуда за планински спортови, за развој на рурален туризам и подневје за научни истражувања. Највисок планински врв е Голем Кораб со својата висина од 2764 мнв, а има дури 85 врва со висина од над 2000 метри.

 

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), по повод Светскиот ден на планината традиционално го обележа овој ден на 10-ти декември со планинарски акции на Водно и Матка. Целта на овој настан, како што истакнуваат е да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.

Прегледи:
1025
Објавено на:
11.12.2017