Категории

Светот не носи ниту добро ниту зло сам по себе – Сè што се случува околу нас е одраз на нашите постапки

Еднаш едно куче се најшло во музеј, каде што сите ѕидови, таванот, вратите, па дури и подовите биле направени од огледала. Гледајќи го тоа, кучето се замрзнало од изненаденост на сред сала, додека уште многу кучиња го опкружувале од сите страни, над и долу. За секој случај кучето ги покажало забите и сите рефлексии го сториле истото. Преплашено, кучето лаело лудо додека рефлексиите го имитираа лаењето и се засилуваа повеќе пати. Кучето лаело уште погласно, а ехото одговарало уште погласно.
Кучето започнало да се фрла од една на друга страна, обидувајќи се да го гризне воздухот, а неговите рефлексии исто така почнале да се фрлаат низ воздухот обидувајќи се да гризнат.

Следното утро, чуварите на музејот го пронашле кутрото куче, безживотно и опкружено со многу безживотни кучиња. Немало никој кој можел да му наштети на кучето. Кучето умрело борејќи се со неговите рефлексии.

Светот не носи ниту добро ниту зло сам по себе. Сè што се случува околу нас е одраз на нашите сопствени мисли, чувства, желби и постапки. Светот е едно големо огледало. Поставете добра поза!

Прегледи:
421
Објавено на:
07.03.2021