Мултиплекс склероза или скратено МС е хронично воспалително заболување на централниот нервен систем и една од водечките причини за онеспособеност кај млади возрасни лица. Претставува болест на масните миелински обвивки околу нервите на мозокот и ‘рбетниот мозок што води до демиелинизација и лузни на ткивата кои се манифестираат со широк спектар на знаци и симптоми. Нападот на болеста вообичаено се случува кај младите луѓе, и почеста е кај женскиот пол.
МС е автоимун процес каде, всушност, доаѓа до пораз на имунолошкиот систем кој погрешно ги препознава сопствените делови на нервните клетки како туѓи, па доаѓа до активација на одбранбените механизми против сопствениот организам. На оваа автоимуна реакција обично ѝ претходи контакт со некој од агенсите од надворешната средина (вирус или бактерија). Меѓутоа, за болеста да се јави, лицето мора да биде генетски подложно.
Како резултат на оваа болест може да се јават симптоми како:
– Проблеми со одењето
– Хроничен умор
– Слабост во мускулите
– Проблеми со видот
– Вкочанетост и тремор
– Сексуални проблеми
– Слаба контрола на мочниот меури проблеми со дебелото црево
– Болка
– Депресија
– Проблеми со меморијата
Првите симптоми на болеста обично се јавуваат меѓу 20тата и 40тата година. Повеќето заболени имаат таканаречени МС напади, кога состојбата е драстично влошена. Кај некои доаѓа до опоравање од нападот, а кај други состојбата со текот на времето се влошува
Што е причината за појава на MS?
Лекарите не знаат со сигурност што ја предизвикува оваа болест, но постојат многу индикации кои упатуваат на причини за појава на МС. Генетските предиспозиции се клучен фактор, а пушењето е докажано дека го зголемува ризикот од појавување на оваа болест.
Некои индивидуи можат да добијат МС како резултат на вирусна инфекција – како на пример вирусот “Епштајн-Бар” или “Херпес вирусот 6” – што резултира имунолошки систем да престане да работи нормално. Инфекцијата може да ја предизвика болест или одредени рецидиви. Научниците со години работат на проучување на врската помеѓу вирусите и MS, но сепак немаат јасен одговор.
Одредени студии укажуваат дека витаминот Д, кој се добива од сончевата светлина, може да го зајакне имунолошкиот систем и да делува како заштита од мултиплекс склероза.
Дијагностицирањето на МС е исклучително тежок процес, бидејќи симптомите на болеста се исти или слични како безброј други нервни заболувања и состојби. Доколку вашиот доктор се сомнева дека имате МС ќе ве упати да посетите специјалист – невролог кој од вас ќе побара медицинска историја и ќе ве упати на магнетно снимање на глава.
Не постои единствен тест што може да дијагностицира МС, вашиот доктор ќе користи различни методи на проверка кои може да вклучуваат:
– тестови на крвта за да се отфрлат болестите кои предизвикуваат слични симптоми како Лајмската болест и СИДА.
– Проверки на рамнотежа, координација, вид и други витални функции во телото
– Магнетна резонанца
– Анализи на флуидна течност во мозокот и ‘рбетниот мозок
– Тестови кои ја мерат активноста на мозокот
БИOTEK Лабораторија претставува ПРВА специјалистичка МОЛЕКУЛАРНА лабораторија направена по водечките светски стандарди. Лабораториите на БИОТЕК се познати по тоа што се опремени со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема, реагенси и софтвери за дијагностика.
Биотек лабораториите се вашиот верен партнер во здравјето. Искористете ги бесплатните консултации со нашиот стручен тим на доктори и лаборанти и закажете го вашиот термин.
Грижи се за своето здравје и за здравјето на твоите најблиски.