Категории

Таа ги заведува, но и ги плаши – Со оваа жена мажите не можат да се изборат

Колку жената е попаметна, длабокоумна, толку потешко и е да пронајде сродна душа. Може да оди на доста состаноци, но во некој миг врската и понатаму не напредува. Но, не секој маж е доволно силен за да може да застане рамо до рамо со паметна жена.

Тоа е мислењето на Раниа Наим, која на сајтот “Thought Catalog” објавува доста читани текстови за проблемите и феномените со кои се среќава во секојдневниот живот.

Таа наведува неколку причини поради кои мажите не можат да се изборат со силната и паметна жена:

Паметната жена поставува паметни прашања
Паметната жена ќе сака да разбере што се случува во вашиот живот, и зошто се случува тоа што се случува, и поставува прашања на кои можеби нема да имате одговор. Дури и на првиот состанок ќе „копа“ длабоко во вашиот живот и ќе поставува лични и филозофски прашања – и никогаш нема да ужива во плитките разговори.

Паметната жена е искрена
Можеби и премногу искрена. Таа го сфаќа сериозно својот интегритет. Ако ја прашате било што, ќе ви ја каже вистината и ќе го очекува истото од вас.

Паметната жена знае што сака
Или кого го сака. Таа одма знае дали ќе и се допаднете и не мора да истражува или да оди на состаноци за да биде сигурна во своите чувства. Нејзиното срце чука за неколку посебни пријатели кои внимателно ги одбрала.

Паметната жена сака сериозна врска
Сака долги разговори за вашиот живот, сака да знае приказни за вашето минато, сака да ја разбере вашата болка и да му даде вредност на вашиот живот. Сака реален однос кој не е само забавување и излегување.

Паметната жена не се плаши од интимност
Таа не се плаши од зближувањето или тоа дека ќе биде повредена ако премногу се отвори. Не мисли дека со тоа ќе ја жртвува својата слобода или дека ќе стане ранлива. Нејзината длабочина и интима одат заедно и секогаш ќе ја цени убавината на интимноста во врската.

Паметната жена гледа преку вас
Таа може да види што сте вие навистина и што ве прави ранливи. Таа нема никогаш да го злоупотреби тоа, туку само сака да знаете дека ве разбира и дека не морате да се преправате кога сте со неа.

Таа копнее во стабилност
Превртливото однесување на вади од такт. Сака силна и цврста врска и знае дека делата мораат да ги следат зборовите и обратно а тоа е основа не секоја врска. Паметната жена нема да игра „игри“.

Таа е интензивна и знае како да сака
Можеби делува помалку застрашувачки затоа што внесува страст и енергија во се што прави. Нејзините емоции се интензивни како и нејзините мисли. Никогаш нема да биде рамнодушна спрема нештата кои и се важни.
Ако не можете да ја сакате вистински, таа ќе си замине.

Таа нема да ве чека
Нема да ве чека додека се премислувате или двоумите. Таа е силна и страствена и нема да ги троши своите емоции на некој кој не ја цени нејзината длабочина. Иако трага за посебна врста на љубов, длабокоумната жена не се плаши да биде сама.

Прегледи:
608
Објавено на:
31.01.2020