Саг својот Youtube канал го лансираше во месец декември, во 2009-та година, и одтогаш пред камерите главно говори за секојдневни животни теми. А помеѓу темите се и советите за фризура, шминка, облека и нокти, а интересно е дека таа објавува околу5 видео записи месечно.
Но, според пишувањата на медиумите. Саг е само “мало бебе” во споредба со најголемите играчи на оваа друштвена мрежа. Најголема сума засега заработува Швеѓанинот Феликс Кјелберер, несомнено попознат по неговото алтер его PewDiePie, чиј канал им е посветен на видео игрите, а го следат повеќе од 40 милиони корисници. Тој заработува околу 12 милиони долари годишно и важи за “гејминг крал” на Youtube мрежата.
Одлично минуваат и комичарите и кулинарите, а своевремено стана вистински феномен и девојката којашто правеше рецензии на детски играчки – само во 2014-та година таа заработи пет милиони долари.
1 2