Категории

Таа има 46, тој 71, но се уште се еден од најубавите парови во Холивуд

Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс во ноември ја одбележаа 15 годишнината од бракот, но се уште се еден од најубавите холивудски парови.

Парот го докажа тоа и на црвениот тепих на доделувањето на “AARP Movie For Grownups” наградите во Беверли Хилс хотелот, каде пристигнаа држејќи се за рака и смешкајќи се еден на друг.

Некогаш големиот холивудски заводник Мајкл денес има 71 година, додека Кетрин има 46 години, но тоа очигледно не им е никаква пречка за нивната љубов. Пред три години накратко прекинаа, но таа епизода сега е зад нив.

“Двајцата моравме да се потрудиме, ништо не би се случило доколку само едниот од нас би се трудел, а другиот би се откажал. Денес и двајцата сме помудри и понежни. Тоа природно се случува со тек на време. Свесни сме за се на што треба да бидеме благодарни”, рече Кетрин, кое во тоа време се бореше со биполарно пореметување.

Семејството помина и низ многу тежок период кога Мајкл се бореше со рак на грлото, а Кетрин дополнително изјави дека тоа бил најтешкиот момент во нејзиниот живот кога децата ја прашале дали татко им ќе умре. За среќа, Мајкл заздрави и парот денес повторно е среќен како некогаш.

Прегледи:
367
Категории:
Шоу-бизнис
Објавено на:
09.02.2016