Категории

Талентираниот Коди Ли кој има оштетен вид и аутизам е победник на „America’s Got Talent“! (ВИДЕО)

Победникот на натпреварувањето America’s Got Talent за 2019 година е официјално прогласен! 22-годишниот Коди Ли кој го воодушеви жирито уште од првиот настап со својот неизмерен талент е овогодинешниот шампион. 

Коди кој е слеп и има аутизам, на својот прв настап се претстави со песната „A Song For You“ на  Леон Расел, а веднаш по изведбата едниот член на жирито го притисна „златниот гонг“, пласирајќи го директно во финалето.

Со победата, Ли освои милион долари и можност да има свое шоу во Лас Вегас.

Слушнете ја неговата финална изведба:

https://www.youtube.com/watch?v=fm2Rj8Lo21s