Категории

Татко целото семејно патување во Лас Вегас го снимил со ГоПро камерата свртена накај себе (ВИДЕО)

Кога таткото на Еван Грифин отпатувал во Лас Вегас ја позајмил ГоПро камерата од својот син. Имал одлична идеја да го документира патувањето низ светкавиот град, но нештата не се одвивале како што тој замислувал. 

Грифин не му објаснил добро на татко си како да ја користи камерата, па всушност татко му цело време снимал со камерата свртена накај себе. На крај снимките од камерата биле со прошетки низ градот и неговите бројни знаменитости, но главен во кадарот е снимателот.
Од сите тие снимки Грифин успеал да склопи интересно видео насловено Ирец во Лас Вегас, а кое мора да се погледне.
https://youtu.be/8GDZBXZunzM
Прегледи:
536
Објавено на:
18.04.2018