Категории

Татковци на породилно отсуство: Вакви мажи секоја жена би посакала (ФОТО)

Со цел да се покаже важноста на учеството на таткото во грижата околу детето од моментот на раѓањето, фотографот Џон Бајман направил интересен фото-проект кој ќе и се допадне на секоја мајка…

Шведска е земја која може да се пофали со прекрасен закон и мерки кои се залагаат за нејзините граѓани, а еден од примерите со кој се потврдува тоа е породилното боледување.

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-2

Всушност, во таа земја родителите добиваат 480 денови платено породилно отсуство, од кои минимално 60 дена мора да земе таткото, а доколку тоа не го направи – тие 60 дена се “одземаат” од вкупното отсуство.

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-3

Со самото тоа Шведска ги поттикнува татковците што повеќе време да поминуваат со своите деца во раната фаза од нивниот живот, и мажите во целата земја со голема среќа ја прифаќаат таа можност.

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-4

Оние татковци кои користат многу повеќе денови од законско пропишаните и со месеци се на породилно отсуство се главни “ѕвезди” на еден емотивен фото-проект позади кој стои фотографот Џон Бајман. Тој со својот фотоапарат го забележувал нивниот секојдневен живот се со цел да укаже на важноста на учеството на таткото во грижата околу детето во моментите на раѓање.

“Кога ќе одлучиш на свет да донесеш две нови индивидуи, мораш да ја прифатиш одговорноста за растењето во текот на целиот нивен живот. Мислам дека е многу важно да ја почувствуваат присутноста на таткото во најраните денови од нивниот живот,” изјавил Самад (32), инженер.

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-5

“Се чувствувам виновен зашто со Матилда не поминав толку време колку со Валдемар. Загрижен сум дека мојот однос со неа во иднина може да биде многу послаб, токму поради таа причина. Јас работев на почетокот на нејзиното растење, а мислам дека улогата на таткото во тој период е многу важна,” кажал Мартин (35), универзитетски администратор.

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-6

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-8

“Јас сум вечно благодарен за можноста да бидам на породилно отсуство, бидејќи тоа го промени мојот поглед на животот. Тоа создаде промена во динамиката на мојот живот и имав време да размислувам за се. Во текот на второто отсуство добив можност да ја променам својата кариера и да ги доживеам првите чекоричиња и зборови на своето дете,” Карденал (34), студент по индустриски дизајн.

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-9

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-10

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-11

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-12

Tatkovtsi-na-porodilno-otsustvo-13

“Вистински подарок е да имаш можност да создаваш силна емотивна врска со своето дете. Мора да почуствуваш и да видиш што значи да имаш породилно отсуство за да сфатиш што ќе изгубиш ако наместо тоа одлучиш да работиш,” кажал Ола (41), трговец.

Прегледи:
472
Објавено на:
30.01.2016