Познати се по модните и актерските успеси, но и по „краткитот фитиљ“, остриот јазик и кавгите во кои учествуваат.
Наоми Кемпбел
Таа зад себе има историски модни успеси, а воедно е и првата афроамериканка која се појавила на насловната страна на француското издание на „Вог“. Се смета за една од најуспешните манекенки во светот на модата, но, таа како што и самата изјавила, знае да биде кучка, но кучка која вреди многу.
Но, преубавата Наоми не е ни малку слатка. Одбивала да работи со модели кои не и се допаѓале, како што бил случајот со Тајра Бенкс. Поранешната асистентка ја обвинила дека и праќала заканувачки пораки, а поради гаѓањето на куќната помошничка со телефон завршила на суд. Својот карактер го покажувала и на интервјуата, а оваа нејзина изјава останала запаметена: „Не си мое ниво, Никол никогаш нема да бидеш мое ниво. Не се споредувај со мене, никогаш“. Интересно е тоа што во една прилика, коментирајќи ја лутината рекла дека тоа чувство е последица на несигурност и осаменост.
Кристијан Бејл
Познат по својот тежок карактер е и Кристијан Бејл со кој велат дека навистина е тешко да се работи. Бејл на снимањата знаел да направи инциденти лутејќи се ако некој сосема оправдано влета во кадар. Подоцна се извинувал за своите постапки. За жал, доаѓал и до расправии и со неговата мајка и сестра.
Линдзи Лохан
За Линдзи Лохан велат дека на работа се однесува како „размазено дете“. Ја отпуштале поради прескокнувања на важни состаноци, и давале и втора шанса, но таа не се поправала. Акерката со години се бори со зависноста од алкохол и наркотици.
Тарин Менинг
Тарин Менинг, ѕвездата од серијата на Нетфликс „Orange Is The New Black“, имала жесток инцидент со шминкерката во повеќе наврати кој не го спречил ни судење. На шминкерката и говорела да ја убие, па да биде позната по тоа што ја убила Тарин.