Категории

Тиктокер низ видео со маски и запалка ја покажува различната ефективност на различни видови маски

На многу места низ светот, сега носењето наска е новото нормално. Откако се случи пандемијата, научниците и нормалните луѓе прават секакви тестови за да видат дали маските се корисни, и кои маски се најефективни.

Vince Limbaring Dizon, (@vihannce08 на TikTok) направи едноставно видео кое стана вирално. Тој на едноставен начин ја покажува ефективноста на различните маски.

Винс е всушност медицински технолог од Филипините, и тој прави TikTok видеа за да се ослободи од стрес и да шири позитивна енергија. Тој дува во пуштена запалка со различни маски, и тоа покажува колку честичките испуштени од устата се шират наоколу при различни маски.

„Ако видам нешто кое е од помош, кул или иновативно, морам да го покажам, со надеж дека ќе едуцирам повеќе луѓе и ќе подигнам свест. Мило ми е што мојата едноставна љубопитност направи толкав импакт врз сите кои го погледнаа моето видео“ – кажува Винс, за инспирацијата зад видеото.

Во видеото искористи 6 различни вида на маски или покривки за лице: маица, домашна маска, хируршка маска, два вида на  N95 маски и бакарна маска. Како контрола, експериментот го изврши и без маска. Со поголемиот степен на заштита, толку потешко е да се изгаси пламенот од запалката.

Видеото може да го погледнете овде

Прегледи:
577
Категории:
Здравје
Објавено на:
24.08.2020